Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 одиграа пријателски натпревар со кој означија почеток на припремните мечеви за новата сезона, Лино Червар за првпат го водеше битолскиот тим. Ова беше лесна задача за првиот тим на Еурофарм Пелистер кој го доби мечот со 39-17.
Околу 1.000 битолчани се собраа во салата „Боро Чурлевски“ да го поздрават новиот тренер и да им посакаат успешен старт на своите ракометари.
Во следните десетина дена Пелистер ќе одигра три натпревари во Битола кои ќе бидат дел и од Регионалната лига.






