b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_09_belist.jpg

Еурофарм Пелистер стигна до првата победа сезонава во Суперлигата откако во Битола славеше против Мулти Есенс со 38-27.

Гостите од Скопје подобро го отворија мечот и имаа водство во воведните десет минути. Сепак, домаќинот заигра подобро во продолжение и веќе на пауза имаше предност од 18-14. Во вториот дел избраниците на Лоно Червар рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 38-27.

Ненад Белистојаноски со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Давид Трајковски постигна седум гола.

Ракомет

Суперлига 2026/27

Второ коло

Еурофарм Пелистер - Мулти Есенс 38-27 (18-14)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола

Гледачи: 500

Судии: Лејла Јашар и Викторија Прентовска

Еурофарм Пелистер:

Брестовац, Хаидарирад 1, Белистојаноски 8, Басанесе 1, Ристевски 3, Серафимов 1, Кузманоски 2, Граховац 1, Хенигман 1, Котар 1, Калајџиовски 6, Петар Атанасијевиќ 6, Хакбарт, Колаковиќ 1, Павле Атанасијевиќ 3, Татар 3

Седмерци: 4/3

Исклучувања: 4 минути

Мулти Есенс:

Великиќески, Јорданов, Ј. Петрески 1, Илиевски 1, Ѓокески 1, Ј. Трајковски, М. Петрески, Симоноски 1, Ѓурмешевиќ 3, Матевски 4, Ковачевиќ, Ѓорѓиевски, Дамчевски 3, Д. Трајковски 7, Гарбевски 1, Тевдовски 5

Седмерци: 7/6

Исклучувања: 6 минути

Во следното трето коло Еурофарм Пелистер гостува кај засилената Струга.

sponzori 2026 2027

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723