b_640_480_16777215_00_images_vesti_2019_10_bidasoaa.jpg

Почитувани љубители на ракометот,

Управата на РК Еурофарм Работник го поздравува денешното изгласување на „Платформата за ракометна Битола“ од страна на Советот на Општина Битола. Ваквата одлука на советот овозможува пристапување кон финализирање на сите административно-технички аспекти кои се опфатени со договорот. Ние и понатаму остануваме посветени на конечна завршница и реализација на договорот и се надеваме дека овие формалности ќе успееме да ги завршиме за многу краток период после кој веднаш ќе пристапиме кон реализација на договорот. Исто така би сакале да потенцираме дека ние и понатаму остануваме целосно убедени дека од реализацијата на оваа платформа најголемата придобивка ќе ја има ракометот во Битола.

Ракометна Битола во натпреварувачката сезона 2019/20 повторно е дел од врвната ракометна Европа. Впрочем, ракометна Битола отсекогаш припаѓала таму. Ние сме цврсто убедени дека во годините кои следат, ракометот во Европа ќе биде незамислив без ракометот од нашиот град. Годинашнава европска приказна ја оценуваме како успешна во секој поглед. Преку досегашните телевизиските преноси, публиката ширум Европа имаше можност да види колку во Битола се сака ракометот, колку навивачите на трибините го разбираат и знаат за ракометот. Најдобар показател за тоа е фактот што од почетокот на сезоната, нашиот град и нашата сала се на првото место по посетеност на натпреварите во СЕХА лига на домашен терен. Истовремено сме сигурни дека добар дел од ракометна Европа во наредниот период дополнително ќе има можност и ќе ја дознае тајната и магијата на ракометна Битола.

Во насока на продолжување на достојната презентација, а имајќи го во предвид чувството за важноста на моментумот, ве известуваме дека раководството на клубот донесе одлука со која во иднина ќе се намалат цените на влезниците за натпреварите на нашиот клуб. Со цел влезниците да бидат подостапни за нашите навивачи, одсега цената на билетот за поединечните натпревари ќе изнесува 150 денари.

Се разбира, при донесување на ваква одлука водевме грижа и за нашите најверни навивачи кои уште на почетокот на сезоната ги купија своите БЛОК билети и билетите за СЕХА и Лигата на шампионите.

Сите оние кои имаат купено БЛОК билети кои важат за првите десет натпревари од СЕХА и ЛШ по цена од 1.850 денари ги известуваме дека овие билети ќе им важат за сите натпревари на нашиот клуб до крајот на сезоната (меѓународни, плеј-оф Домашно првенство и Куп натпревари).

Сите наши навивачи кои имаат купено полусезонски билети за Лигата на шампионите или СЕХА лигата по цена од 1.000 денари, ќе бидат контактирани и ќе можат да изберат пет дополнителни натпревари до крајот на целата сезона за која ќе добијат бесплатни влезници.

Се надеваме дека оваа наша одлука ќе наиде на задоволство кај сите навивачи и дека нашата екипа ќе добие дополнителна сила на натпреварите на домашниот терен.Продажбата на влезниците за натпреварот во недела со екипата на Кокс од Финска ќе започне денес четврток 10.10.2019 година од 17:00 часот.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723