b_640_480_16777215_00_images_vesti_2020_11_hala_tivoli.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во рамките од петтото коло на група Д на Лига Европа ќе му гостуваат на Тримо Требње од Словенија. Домаќинот се одлучи натпреварот да го игра во однапред пријавениот алтернативен терен, спортската сала „Тиволи“ во Љубљана.

Иако првично најавија дека ќе играат во Требње, во многу помала сала, ракометарите на Урош Зорман сепак ќе ги пречекаат пелистерци во легендарната сала во главниот град на Словенија. Големата сала „Тиволи“ собира 7.000 гледачи, но за натпреварот против Еурофарм Пелистер ќе биде празна заради пандемијата од ковид-19.

Тримо Требње одигра само еден натпревар во групата и изненадувачки во Унгарија го совлада тимот на Татабања. Еурофарм Пелистер запиша едно реми и двапати загуби во три одиграни натпревари.

Натпреварот Тримо Требње – Еурофарм Пелистер се игра на први декеммври од 20:45 часот, а една недела подоцна истите ривали ќе се сретнат во Битола. Битолчани за Словенија ќе патуваат со авионски лет в понеделник наутро.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723