b_640_480_16777215_00_images_vesti_2020_12_стјепановиќ_изјава.jpg

Пред точно една година Невен Стјепановиќ сериозно го поврреди коленото на натпреварот од СЕХА лигата против Мешков Брест и мораше да подлегне на оперативен зафат. Сега е целосно заздравен и смета дека со ритам на натпревари како на крајот на ноември и почетокот на декември, ќе ја врати минатогодишната форма.

„Моментално се чувствувам одлично. Што повеќе време минува, се враќам во форма. Одигравме неколку официјални натпревари, влегувам во ритам. Не можам да речам дека целосно се вратив во ритам, но се трудам колку што можам. Дури сега гледам колку е тешко да се враќаш од вака тешка повреда. За жал заради овој коронавирус немавме многу натпревари, баш тие ми недостигаат. Но, се надевам на подобри времиња и добри партии“, оптимист е ракометарот кој ја минува третата сезона во Битола.

Босанскиот интернационалец направи споредбата со минатогодишниот тим на Еурофарм Пелистер.

„Искрено, можам точно да кажам дека имаме доста поквалитетна екипа од минатата сезона. И тогаш имавме квалитетни ракометари, но сега мислам дека тимот како тим е доста подобар. Склопивме мозаик и имаме одлична хемија во тимот. За жал немавме доволно натпревари и тоа да го покажаме. Ги покажавме добрите страни, имавме и лоши моменти, но со повеќе натпревари ќе го покажеме квалитетот“, смета Стјепановиќ.

Тримо Требње има само еден официјален пораз оваа сезона, а веќе победи и два унгарски тима во Европската лига. Стјепановиќ смета дека сепак македонскиот вицешампион има поквалитетна екипа.

„Секогаш постои притисок. И кога сте поквалитетни екипа и кога не сте - секогаш постои тој притисок. Мислам дека сме поквалитетна екипа од Тримо Требње, но тие играат многу брзо, што и го покажаа против Татабања. Унгарците се многу добра екипа, а тие успеаја да ги победат. Одиме со респект, но имаме императив на победа, поквалитетна екипа сме и се надевам на позитивен резултат“, заврши десниот бек на Еурофарм Пелистер.

Европската ракометна федерација вчера ги смени судиите на натпреварот, па наместо хрватска, судиска двојка од Босна и Херцеговина ќе го води натпреварот кој почнува од 20:45 часот.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723