b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_02_babic_gydme.jpg

Пред утрешниот дуел во Европската ракометна лига меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме, тренерот на битолската екипа Жељко Бабиќ испрати оптимистичка порака за фановите на повеќекратниот шампион на Македонија. ГОГ Гудме е позитивен ритам, во петокот убедливо славеше во Колдинг, но нема да биде преценет на дуелот во Битола.

Хрватот смета дека фанатичната волја и верба може да ги покрие недостатоците на повредените.

„Остваривме големи победи и тие се важни за позицијата и можноста да ја минеме групата, што би бил историски успех за клубот и за македонскиот ракомет. Секако дека сум задоволен, задоволни се сите во клубот, но имавме и таканаречени нус-појави, тешка повреда на Кушан и повреда на Мандалиниќ. Плативме висока цена, но на тоа не можевме да влијаеме, повредите се составен тел од спортот и можеме само да се надеваме дека ќе се вратат здрави во тимот и ќе придонесат за тимот. Победите над Татабања се за Кушан и искрено му посакувам да заздрави.

ГОГ Гудме во својот ростер има четири светски прваци и тоа говори за нивната снага како тим. Сакам да нагласам дека нашите играчи кои помалку играат ќе добијат шанса да ми покажат и мене, и себе и на цела Македонија колку вредат. Мора да веруваме дека можеме да го победиме ГОГ Гудме. И во овој состав со кој ќе настапиме мора да веруваме дека можеме да му се спротиставиме на Данците и натпреварот да заврши во наша полза. Основни фактори за успех на утрешниот натпревар се фанатична волја и фанатична верба во себе и во тимот. Ако ги имаме тие две работи имаме шанси во позитивен исход. Во спротивно, ако немаме волја, желба и борбеност, јасно е дека нашите шанси се многу помали.

Направивме големи чекори кон осминафиналето, натпреварот доаѓа во вистински момент и се радувам на него и покрај проблемите во тимот. Мора да бидеме фанатици, на чело со мене, и да веруваме во победа“, рече Бабиќ.

Ракомерите вечерва тренираа за последен пат пред натпреварот во спортската сала „Боро Чурлевски“, а тренерот Жељко Бабиќ се надева дека ќе го може да се оспособи Марин Вегар, кој не е фит заради повредата на рамото.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723