Со состанок и вечера минатата сабота и два тренини денес, РК Еурофарм ги започна подготовките за новата сезона. Првата фаза Андон Бошковски ќе ја одработи во Битола, па битолскиот суперлигаш ќе се подготвува во Маврово. Последната фаза е одигрување на тест натпревари како би се брусела формата за новата сезона која почнува во третата недела од септември.
Десниот бек на Еурофарм Работник, Лазар Мајнов го продолжи договорот со битолскиот суперлигаш на уште една сезона. Поранешниот репрезентативец одигра одлична сезона за битолчани и управата тоа го препозна и му понуди нова соработка.
Еурофарм Работник доби поволен противник во првото европско излегување во Челинџ Купот.
Битолскиот клуб ќе се сретне со литванскиот Гранитас Карис од Каунас. Првиот натпревар ќе се одигра во спортската сала „Младост“ во Битола, а реваншот во Литванија.
Ракометниот клуб Еурофарм Работник денес го претстави своето најново засилување, а тоа е хрватскиот интернационалец Лука Ковачевиќ. Постигнат е договор за едногодишна соработка и Ковачевиќ кариерата ќе ја продолжи во Македонија. Се работи за 197-сантиметри висок десен бек, кој доаѓа од Викинг Ставангер од Норвешка.
Ракометниот клуб Еурофарм Работник се грижи за својата иднина и напоредно со реновирањето на сениорскиот тим, потпиша договори и со најталентираните членови на младинската академија на клубот. Имено, ракометарите кои наскоро ќе бидат дел од сениорската екипа добија продолжување на соработката.
Еурофарм Работник веќе го формира тимот за новата сезона 2017/18 со доведување на неколку нови имиња и продолжување на договорите со клучните ракометари. Денес, битолскиот суперлигаш објави дека и наредниот шампионат на крилната позиција нивниот дрес ќе го носи поранешниот репрезентативец Златко Мојсоски.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Февруари 07, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 20, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister