Повеќе...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа голема победа над Алкалоид (33-20) во дерби натпреварот од 19. коло во Суперлигата. Бранителот на трофејот беше супер-мотивиран, расположен за игра и му одржа лекција на ривалот од Автокоманда од кого го загуби првиот меч во шампионатот. Меѓутоа вечерва воден од верната битолска публика, Еурофарм Пелистер беше нерешлива енегма за избраниците на Кире Лазаров и дојде до триумфот кој го посакуваше, триумф со кој го презема првото место на табелата.

Повеќе...

Еурофарм Пелистер 2 продолжува без загубен бод во Првата лига, откако на домашен терен славеше против Астраион со убедливи 41-14. Домаќините поведоа со 5-1 и 9-2 и јасно беше каков тек ќе има овој натпревар. До паузата избраниците на Александар Зарков обезбедија плус 11, 18-7. Во второто полувреме одиграа уште подобро постигнаа дури 23 гола, а одбраната беше одлична и им дозволи на гостите само седум погодоци.

Повеќе...

Отворен е процесот за акредитирање на медиуми за натпреварот од 14. коло на Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ (6 март 2025 година – 20:45 часот). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.

Повеќе...

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е најзаслужен за синоќешната победа на Еурофарм Пелистер против Динамо Букурешт во Битола, со која „пелистерци“ остануваат во игра за пласман во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.

Повеќе...

Еурофарм Пелистер го совлада Динамо Букурешт со 25-24 и остана во трка за осминафинале на Лигата на шампионите.

По натпреварот тренерот на домашните Раул Алонсо тој им честита на играчите, а потенцира дека секој играч во колективот е важен за овој успех. Воедно, истакна дека е задоволен од борбата и на начинот на кој се победило.

Повеќе...

Еурофарм Пелистер ја забележа третата победа сезонава во Лигата на шампионите. Битолчани предводени од брилијантниот Никола Митревски, го победија Динамо Букурешт со 25-24 (12-13). Шампионот на Македонија во пресрет на последните две кола, ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата. Македонскиот првак има осум бода колку што по победата над Фуксе Берлин има и Висла Плоцк.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723