Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го очекува нов предизвик во Лигата на шампионите. На денешната средба со новинарите кружниот напаѓач на Еурофарм Пелистер, Андреас Јохан Нилсен, истакна дека заедно со неговите колеги се свесни за силината на нивниот ривал од Данска.
Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 30-25 (15-12)
Ракометарите на Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го победија актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 30-25 (15-12) во првата меѓусебна пресметка сезонава во домашната ракометна Супер лига.
Еурофарм Пелистер 2 – Скопје 2020 37-22 (19-10)
Еурофарм Пелистер 2 рутински прокнижи бодови на суперлигашката табела, откако попладнево без многу мака славеше над Скопје со резултат 37-22. Фаворитската улога беше оправдана лесно и без апсолутно никакви проблеми, битолчани доминираа од првата до последнат аминута и покажаа дека и сезонава овој тим поседува значаен потенцијал со кој заслужува место во плеј-офот.
Веќе во среда и четврток продолжува ракометната Лига на шампиони, а битолски Еурофарм Пелистер го очекува првото гостување. Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварот на македонскиот шампион против данскиот Алборг.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер се поразени во стартниот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите на ЕХФ. Домашниот тим немаше сили да се спротистави на фаворизираниот гостински тим на Колштад и загуби на дуелот во Битола со 22-31.
Еурофарм Пелистер - Колштад 22-31 (10-16)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер имаа враќање со пораз во европската елита, откако Колштад убедливо славеше во Битола со 22-31 во првото коло во Лигата на шампиони. Норвешкиот супер тим беше преголем залак за македонскиот првак, кој ќе мора да се подобрува ако сака позитивни резултати во најсилното ракометно натпреварување на Стариот континент.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister