b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_10_ntanZi.jpg

Ни претставува големо задоволство што во нашето ракометно семејство повторно ќе ги отвориме „вратите“ на ракометар од голената светска сила - Франција. Нов член на Еурофарм Пелистер е ракометар кој доаѓа од школата на Пари Сен Жермен и ги мина сите младински категории на француската репрезентација.

Добредојде во Битола за Саду Нтанзи. Новиот среден бек на Еурофарм Пелистер има 26 години, доаѓа во Битола од бундеслигашот Мелсунген и ќе биде еден од ретките ракометари од Франција кои играле или ќе играат во Македонија. Тој се обврза на договор на една сезона со нашиот клуб. Нтанзи четири години беше член на ПСЖ и освои исто толку титули во шампионатот на Франција. Потоа мина една сезона во Феникс, една во унгарска Татабања, а минатата сезона настапуваше за Ал Араби од Катар и Мелсунген од Германија.

Покрај четирите титули со ПСЖ, со оваа екипа Нтанзи освои и еден Куп и Суперкуп, а со Мелсунген се пласира во Лигата на шампионите оваа сезона, откако минатата година ја освоија Лигата на Европа.

Нтанзи ќе биде официјално претставен пред јавноста по неговото пристигнување во Битола.

sponzori 2026 2027

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723