b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_10_35132.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер продолжуваат со сигурните настапи во македонската Суперлига, откако остварија убедлива победа од 39-23 против Прилеп и запишаа нови бодови на своето конто.

Битолчани ја оправдаа фаворитската улога, иако гостите во првото полувреме успеаја да пружат солиден отпор. Сепак, Еурофарм Пелистер на паузата имаше предност од шест гола (20-14), со што најави дека бодовите ќе останат во Битола.

Во вториот дел битолскиот состав дополнително го засили ритамот, ја зголемуваше предноста и на крајот стигнаа до убедливи 39-23. Прилеп немаше одговор за разиграниот домаќин, кој со ефикасна игра во нападот ја потврди разликата во квалитетот.

Најзаслужен за убедливиот триумф беше Филип Кузмановски, кој го заврши натпреварот со девет постигнати гола. Во редовите на Прилеп, Димитар Димитриоски беше најефикасен со пет погодоци.

Со оваа победа ЕурофармПелистер стигна до 13 бодови по седум одиграни натпревари во Суперлигата и продолжува со добрите резултати во домашното првенство.

Ракомет

Суперлига 2026.27

Седмо коло

Прилеп - Еурофарм Пелистер 23-39 (14-20)

Спортска сала „Ристе Ристески-Ричко“ - Прилеп

Гледачи: 500

Судии: Глигор и Спаско Каеви (Скопје)

Прилеп:

Ангелески, Стојкоски, Трајкоски, Тренчевски 1, Марковски 3, Кастратовиќ 1, Шипинковски 2, Адамчески, Лозаноски 1, Столески, Крстески 3, Стојкоски, Димитриоски 5, Стојановски 3, Шабановиќ 2, Зековиќ, Цветаноски 2

Седмерци: 6/4

Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер:

Митревски, Хеидарирад, Белистојаноски 4, Видомски 1, Ристевски 4, Серафимов 1, Кузманоски, Граховац 3, Хенигман 4, Кузмановски 9, Пет. Атанасијевиќ 4, Пешевски, Хакбарт 1, Колаковиќ 2, Нтанзи 5, Татар 1

Седмерци: 5/5

Исклучувања: 8 минути

Во следното осмо коло Еурофарм Пелистер ќе го пречека Младост во Битола.

sponzori 2026 2027

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723