b_640_480_16777215_00_images_vesti_2020_02_75594501_2514568558818712_2134174338918645760_n.jpg

Почитувани љубители на ракометот

Билетите за престојниот натпревар од СЕХА лигата помеѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Нексе кој се игра на 12 февруари во 20:15 часот ќе бидат пуштени во продажба денес 5 февруари 2020 година во 15:00 часот. Цената на билетот изнесува 150 денари и истите ќе може да се набават преку веб локацијата https://kartieurofarm.mk и на вообичаените продажни места:

- Туристичка агенција S-TRAVEL, Локација: ул. Моша Пијаде бр.8 Битола, Стара чаршија
- Бротхерс - Вагабонт Тобако, Локација: Широк сокак 51 – Битола
- Димпо Тобако 1, Локација: Нов пазар – Битола
- Димпо Тобако 2, Локација: Грозд – Битола
- Димпо Тобако 3, Локација: Ленски мост – Битола

Ве известуваме дека блок сезонските влезници за 2019/20 година важат за овој и за сите останати натпревари на нашиот клуб во Битола до крајот на сезоната. Верните подржувачи на РК Еурофарм Пелистер кои имаат вакви влезници непречено ќе можат да влезат во салата и да си ги завземат своите резервирани места. Сопствениците на полусезонски билети (СЕХА или Лигата на шампионите), согласно одлуката на управата на РК Еурофарм Пелистер имаат право на единечни влезници за пет наредни натпревари во било кое натпреварување до крајот на сезоната по свој личен избор. Во оваа прилика сакаме да ги информираме сопствениците на полусезонските влезници дека билетот за натпреварот со Нексе (доколку се одлучат овој натпревар да биде еден од петте можни натпревари) ќе може да го подигнат во агенцијата С-Травел в сабота 8 февруари.2020 година од 10:00 до 14:00 часот. При подигање на влезницата ќе треба да се врати полусезонскиот билет и да се приложи личен документ за идентификација.

Ве известуваме дека сите влезници и седиште во спортската сала „Боро Чурлевски“ се нумерирани и строго ќе се внимава секој љубител на ракометот да го завземи седиштето кое е нумерирано на неговиот билет. При влез во спортската сала, како и досега, ќе се користат дигитални читачи за проверка на влезниците.

РК Еурофарм Пелистер

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723