b_640_480_16777215_00_images_vesti_2020_09_еурофарм_пелистер_2_-_тиквеш_9.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпеа првиот домашен пораз во Суперлигата и направија чекор назад во амбициите за место во разигрувањето. Денес во „Боро Чурлевски“ на победа се радуваше ГРК Тиквеш кон победи со 29-30 (16-19), откако водеше во текот на сите 60 минути.

Од почеток на натпреварот гостите влегоа максимално мотивирани за сезонава да дојдат до првите бодови. Кавадарчани почнаа сигурно и цврсто и после 4:4 брзо дојдоа до водство од 4-9. Кавадарчани успеаја да останат во позитива и на одмор да заминат со резултaт од 16-19.

 

еурофарм пелистер 2 тиквеш 8

Велков на голот одлично го почна и вториот дел, кавадарчани одржуваа 3-4 разлика и во збркана игра на многу грешки, Еурофарм Пелистер 2 беше тимот кој повеќе правеше неизнудени грешки. Симиќ ја водеше својата екипа, а Велков бранеше што може и не може, па Јовиќ повика тајм-аут при 25-28 во 53. минута. Во последните десет минути Тиквеш влезе со пет гола предност, но тогаш почна враќањето во средбата на домашните кои преку Стефан Талевски и Дарио Петровски израмнија на 29-29.

Страхиња Симиќ биеше за предност од 30-29, а овој гол беше на крајот доволен за победа бидејќи составот на Еурофарм Пелистер 2 во последниот напад не успеа да искористи шанса за да дојде до реми, па кавадарчани на крајот се радуваа на првите три бода сезонава.

еурофарм пелистер 2 тиквеш 10

Во екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Јован Талевски со осум гола, а кај кавадарчани се истакнаа Симиќ со единаесет и Јанев со осум погодоци. Веќе в петок во петтото коло младиот битолски тим има директен дуел за место во плеј-офот против Бутел во Скопје.

 

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723