РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека со почетокот на групната фаза на ЕХФ Лига Европа (19 октомври) и враќањето на гледачите во спортската сала „Боро Чурлевски“, повторно ќе биде отворен прес-центарот во салата и прес-конференцијата по натпреварите ќе биде реализирана со физичко присуство на медиумските работници.
Во зависност од договорот со носителите на ТВ правата за ЕХФ Лига Европа, европската ракометна централа ги одреди саатниците за првите шест натпреварите од групната фаза на натпреварувањето. Еурофарм Пелистер трипати ќе игра на домаѓен и трипати ќе гостува до крајот на годината и по трипати ќе игра во терминот од 18:45 часот и 20:45 часот.
Отворен е процесот за акредитирање на медиумите за натпреварот од првото коло на групата Д на ЕХФ Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Ним (19 октомври). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Ракомет – Суперлига (петто коло)
Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 24-30 (10-16)
Спортска сала: Р.Р. Ричко – Прилеп
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски
Гледачи: 500
Шест дена по поразот од Вардар 1961 во Скопје, Еурофарм Пелистер им се врати на победите во ракометната Суперлига. Екипата на Жељко Бабиќ ги оправда очекувањата и фаворитската улога и го совлада Радовиш со 42-22 (19-10).
Македонскиот претставник во ЕХФ Лига Европа, Еурофарм Пелистер, на вчерашната жрепка ги дозна противниците во групната фаза. Битолчани се наоѓаат во групата Д заедно со два тима со кои играа и минатата сезона, Татабања и Кадетен Шафхаузен, а тука се уште и Ним, Спортинг Лисабон и АЕК Атина.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Февруари 07, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 20, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister