Европската ракометна федерација и носителите на ТВ правата ги одредија термините и саатниците за двата натпревари од осминафиналето на Лига Европа помеѓу Еурофарм Пелистер од Македонија и Магдебург од Германија.
РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека ракометарот Марин Вегар успешно е опериран во Загреб, по повредата на рамото која ја влечеше подолг период. Зафатот мина во најдобар ред и ракометарот го започна планот на заздравување.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 со пораз го почнаа плеј-офот на Суперлигата. Екипата на Александар Јовиќ загуби од Вардар 1961 во Скопје, иако голем дел од натпреварот парираше против поквалитетниот противник.
Проектот наречен Еурофарм Пелистер 2 дава резултати и пласманот во плеј-офот и промоцијата на Кузманоски и Петровски во првата екипа тоа го покажува. Како резултат на „плодовите“ од својата работа, Александар Јовиќ денес доби нов договор и ќе го води помладиот битолски клуб и во следната сезона.
Успешната сезона и остварувањето на целта не остана не забележана од управата на Еурофарм Пелистер 2. Непосредно пред почетокот на плеј-офот, битолскиот клуб и тренерот Александар Јовиќ договорија продолжување на соработката.
Долго очекуваниот почеток на разигрувањето на Суперлигата донесе допадлив натпревар во Битола. Во знакот на феноменалните Чаневски и Периќ, Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Струга на Наум Танески со 28-18 (14-9). Иако гостите играа мотивирано и на моменти креативно, сепак квалитетот на екипата на Жељко Бабиќ дојде до избраз.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister