РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека ракометарот Цветан Кузманоски е нов член на екипата. Тој доаѓа од Еурофарм Пелистер 2 и во следните три и пол сезони ќе го носи дресот на нашиот клуб. Кузманоски веќе се приклучи на тренинзите на Жељко Бабиќ и неговиот стручен штаб и ќе дебитира во вторник во Лига Европа против Рајн Некар Левен.
Настапите на Ненад Костески не се изненадување и македонскиот репрезентативец перфектно се вклопи во новата средина. По доаѓањето во Битола од Загреб, стружанецот покажал неспорен квалитет и голема желба. Десното крило постигна неколку ефектни голови во победата над ГОГ Гудме, а еден од нив заврши на третото место во изборот за најубавите голови во осмото коло на Лига Европа.
Битолчани впишаа четири победи и имаат едно реми по осум натпревари и се скоро сигурно во осминафиналето на натпреварувањето.
Започна процесот за акредитирање на сите ТВ, Веб ТВ и радио станици за натпреварoт од ЕХФ Лигата Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Рајн Некар Левен (23 февруари во 18:45 часот) според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Еурофарм Пелистер му се одмазди на ГОГ Гудме, кој исто така победи со еден гол разлика во првиот меѓусебен двобој во октомври. Тренерот на Данците, Николај Крикау по поразот од 32-31 на прес-конференцијата рече:
Јосип Периќ одигра симултанка во победата на Еурофарм Пелистер против ГОГ Гудме и битолчани сега се на чекор до пласман во следната фаза. Средниот бек апострофираше дека ова е најголем триумф сезонава и многу значи за моралот на екипата.
Еурофарм Пелистер одигра одличен натпревар и без најдобриот стрелец Стипе Мандалиниќ и го совлада лидерот во данското првенство ГОГ Гудме со 32-31.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister