Повредите не го штедат тимот на Еурофарм Пелистер во новата 2021 година.
Клубот ја информира јавноста дека левото крило на екипата и репрезентативец на Македонија, Бојан Маџовски успешно го оперираше прстот на раката, кој го повреди на пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Чиле во Скопје, во јануари оваа година. Зафатот мина во најдобар ред и ракометарот го почнува периодот на рехабилитација. Неговото враќање на терените се очекува следниот месец.
Започна процесот за акредитирање на сите ТВ, Веб ТВ и радио станици за натпреварoт од ЕХФ Лигата Европа меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ (16 февруари во 20:45 часот) според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Пред две сезони во групната фаза на ЕХФ Купот, Татабања двапати го совлада тогаш Еурофарм Работник во групната фаза, а две години подоцна битолчани сервираа реванш со две победи на домашен терен.
Повредата на хрватскиот кружен напаѓач Томислав Кушан го одбележа натпреварот од седмото коло на Лига Европа меѓу Татабања и Еурофарм Пелистер. Првата информација вели дека се работи за повреда на нерв до кичмата. Кушан веднаш по натпреварот прими инјекција во грбот поради огромни болки и ќе мора да мирува, а утре заминува на дополнителни испитувања.
Еурофарм Пелистер во два дена двапати го победи тимот на Татабања во рамките на групата Д на Европската лига. Тренерот Жељко Бабиќ очекувано беше задоволен од освоените бодови и го пофали новиот голман од Египет, Карим Хендави. Колективниот дух на пелистерци се виде во играта во одбрана, а таму значајна улога заврши Црногорецот Мирко Радовиќ.
Остварен е значаен триумф на Еурофарм Пелисртер против тимот на Татабања, со што македонскиот претставник си ги зголеми шансите за место во осминафиналето на Лигат Европа.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister