Откако вчера по доаѓањето на сите ракометари во Битола и правењето на ковид-19 тестовите со два тренинзи во текот на денешниот ден Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за вториот дел од сезоната во салата на Медицинското училиште во Битола. Екипата синоќа се комплетираше, но во првата недела од припремите ќе отсуствуваат репрезентативците на Македонија, Црна Гора и БиХ, кои имаат обрвски кон националните тимови.
Во јануари 2020 година Жељко Бабиќ пристигна во Битола, а една година подоцна со ист ентузијазам ги започна подготовките за вториот дел од сезоната 2020/21. Без три македонски репрезентативци, Вегар, Периќ и Радовиќ, битолскиот тим одработи два тренинзи во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола.
Со два тренинзи во текот на денешниот ден Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за вториот дел од сезоната. Битолчани синоќа се комплетираа, но во првата недела од припремите ќе отсуствуваат репрезентативците на Македонија, Црна Гора и БиХ, кои имаат обрвски кон националните тимови.
Шест ракометари на Еурофарм Пелистер и еден на Еурофарм Пелистер 2 неделава ќе бидат инволвирани во натпревари за своите национални репрезентации. Тројца од нив ќе играат квалификациони дуели за Европското првенство во Словачка и Унгарија во 2022 година, а останатите се дел од пријателски натпревари.
РК Еурофарм Пелистер на сите ракометари, симпатизери на клубот и партнери им посакуваме среќни новогодишни празници. Нека идната година ни донесе радост, среќа, здравје и бериќет. Нека ни донесе нови спортски успеси и задоволства.
Ако во есенските месеци имаа сериозни потешкотии да влезат во ритам и да одиграат натпревари во СЕХА лигата и Лига Европа, ракометарите на Еурофарм Пелистер во новата година имаат густ и напорен календар. Меѓу Суперлигата, СЕХА Гаспром лигата и Лига Европа на ЕХФ тие ќе одиграат голем број натпревари и ќе се обидат да остават трага сезонава.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister