За натпреварот од првото коло на СЕХА Гаспром лигата меѓу Еурофарм Пелистер и Металопластика (21.12.2020) започна процесот за акредитирање на сите ТВ, Веб ТВ и радио станици според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Еурофарм Пелистер на 21 декември започнува со натпревари во регионалната СЕХА Гаспром лига за сезоната 2020/21.
Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Лино Червар го објави списокот на ракометари на кои ќе смета во првата фаза од подготовките за претстојното Светско првенство во Египет. На листата на резерви се најде и ракометарот на Еурофарм Пелистер Стипе Мандалиниќ.
Со едноминутно молчење, синоќа Еурофарм Пелистер му оддаде почит на поранешниот директор и претседател на клубот, Благој Стефановски. Минатата недела смртта на Стефановски го погоди ракометниот свет, а клубот не го заборави човекот кој остави голема трага во историјата. Сите ракометари, официјални лица и гледачи (оние кои имаа право на место на трибините) оддадоа емотивно едноминутно молчење за човекот кој го задолжи клубот.
Синоќа сите елементи во играта на Еурофарм Пелистер функционираа и со убедливи 33-26 беше совладан словенечкиот Тримо Требње. Погодуваа бековите, крилата и кружните напаѓачи, а одлични беа и Чаневски и Трајковски меѓу стративите.
Еурофарм Пелистер ја оствари првата победа во новата сезона на Лига Европа, откако на свој терен со убедливи 33-26 го совлада словенечкиот претставник Тримо Требње.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister