За натпреварот од десеттото коло на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Работник и Бидасоа започна процесот за акредитирање на сите ТВ, Веб ТВ и радио станици според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Работник сезонава.
Ракометниот клуб Еурофарм Работник со соопштение ја информира јавноста за промена во стручниот штаб. Клубот взаемно го раскина договорот и објавува разделба со тренерот Стевче Алушовски.
Металопластика - Еурофарм Работник 27-26 (11-12)
Еурофарм Работник влезе во негативна серија во СЕХА лигата, откако загуби и на четвртиот натпревар по ред. Попладнево на гостувањето кај Металопластика во Шабац во дуел со возбудлив финиш, битолскиот тим беше поразен со 27-26.
Кокс - Еурофарм Работник 23-21 (13-13)
Ракометарите на Еурофарм Работник претрпеа нов минимален пораз во во Лигата на шампионите. Битолчани одиграа неизвесен меч со малку погодоци кој го загубија со два гола разлика.
Еурофарм Работник - Савехоф 32-31 (18-12)
Еурофарм Работник ја запиша втората победа во Лигата на шампионите, откако денес во Битола го совлада Савехоф со 32-31. Во дуел со многу осцилации, следеше драматична завршница во која овој пат тие ја имаа среќата.
Претпоследниот домашен натпревар во групата Ц на Лигата на шампионите ракометарите на Еурофарм Работник го играат в недела против Савехоф. Овој дуел е можност да се прекине серијата на неуспеси и да се израдува на вториот триумф.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister