Еурофарм вечерва пред своите фанови загуби од Татран Прешов со 23-24, гостите до триумфот стигнаа со гол во последните секунди. Очигледно Еурофарм е претплатен за драми во елитното ракометно натпреварување, клубот од Битола денеска имаше нов возбудлив меч полн со пресврти и неизвесност до самиот финиш. За жал, вицешампионот на Македонија на крајот остана со празни раце, а Татран Прешов си замина со победа.
Селекторот на машката сениорска репрезентација Данило Брестовац го објави списокот на ракометари за настап на меѓународни пријателски натпревари во Турција. Бојан Маџовски и Мартин Велковски се двајцата ракометари на Еурофарм Работник кои ќе патуваат на турнирот во Ескишехир.
По три порази и една победа, Еурофарм Работник ги продолжува настапите во Лигата на шампионите и в недела од 17:00 часот го очекува дуел со шампионот на Словачка, Татран Прешов. На денешната прес-конференција во Битола, со новинарите зборуваа тренерот Алушовски и бекот Остроушко.
Почитувани претставници на медиумите, ве покануваме на прес-конференција која ќе се одржи вo петок 18 октомври во 12:00 во прес салата на спортската сала „Боро Чурлевски“.
За натпреварот од петтото коло на ЕХФ Ллигата на шампионите меѓу Еурофарм Работник и Татран Прешов започна процесот за акредитирање на сите ТВ, Веб ТВ и радио станици според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Работник сезонава.
Задоволство во таборот на Еурофарм Работник по победата над Кокс од 31-30 во натпревар од четвртото коло на Лигата на шампионите. На прес-конференцијата по натпреварот зборуваа тренерот Стевче Алушовски и десниот бек Михајло Петровски
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister