Почитувани претставници на медиумите, ве покануваме на прес-конференција која ќе се одржи на в понеделник 2 септември во 12:00 во прес салата на спортската сала „Боро Чурлевски“.
Еурофарм Работник имаше успешна генералка во пресрет на дебито од СЕХА-лигата, откако рутински славеа на последната контрола против Охрид со резултат 30-23 19-8).
Ве известуваме дека од денес, петок 30.08.2019 година, за сите купувачи на приоритетни сезонските билети за натпреварите на РК Еурофарм Работник, истите можете да ги подигнете од продажното место, туристичка агенција „С Травел“ - Битола. Продажбата на сезонските билети и натаму е во тек, затоа побрзајте за да ги имате најдобрите места во салата во текот на целата ракометна сезона и да ја бодриме нашата екипа на натпреварите од СЕХА лигата како и на натпреварите од Лигата на Шампиони.
Почитувани љубители на ракометот
Ве известуваме дека за време на сите натпревари од СЕХА Гаспром лигата и ЕХФ Лигата на шампионите сите седишта ќе бидат нумерирани и во зависност од нумерацијата на својот билет, секој гледач треба да го заземе своето место.
Почитувани љубители на ракометот
Ве известуваме дека остаа уште само два дена од продажбата на приоритетните сезонски билети за натпреварите на РК Еурофарм Работник во новата ракометна сезона 2019/20 година.
Екипата на Шарт го доби финалето на турнирот во Добој, откако во финалето го совлада Еурофарм Работник дури после изведувањето на пенали. Средбата заврши 22-22 во регуларните 60 минути, а потоа следуваше изведување на пенали во кои Французите беа подобри со 4-3.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister