Ракометниот клуб Еурофарм Работник ги продолжи договорите со неколку ракометари кои ги смета за составен дел од новиот проект. Договор на две години потпишаа Гоце Ојлески, Никола Маркоски, Градимир Чаневски и Мирко Радовиќ.
СЕХА Газпром лигата ги објави термините за натпреварите во деветтата сезона на регионалното натпреварување. Еурофарм Работник првпат во својата историја ќе игра во регионалната лига, а наскоро ќе ги дознае и своите противници во една од двете групи со по шест екипи.
Хрватскиот репрезентативец Ловро Јотиќ и официјално е нов член на Еурофарм Работбник. Тој доаѓа од ППД Загреб и треба да биде огромно засилување за битолскиот суперлигаш. Пред предизвикот од Лигата на шампионите, Еурофарм Работник обезбеди квалитетен лев и среден бек, кој стави потпис на двегодишен договор.
Денес пристигна и петтото засилување на Еурофарм Работник за новата сезона. 29-годишниот лев бек од БиХ, Марин Вегар потпиша договор до крајот на сезоната, а во Битола доаѓа од редовите на романска Стеауа. Вегар денес позираше во новиот дрес, откако претходно ги мина лекарските прегледи.
По ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите, веќе се дефинирани и десетте кола во Ц и Д сегментот. Еурофарм Работник ќе дебитира на домашен терен против првакот на Португалија, Спортинг, а последниот натпревар ќе го одигра пред своите гледачи против Бидасоа Ирун.
По настапите во Челинџ Купот и ЕХФ Купот, ракометарите на Еурофарм Работник годинава ќе дебитираат во натпреварите од Лигата на шампионите. Денес во Виена беа извлечени групите за првата фаза од натпреварувањето.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister