Во заостанатиот натпревар од 10. коло на Суперлигата, битолските суперлигаши Еурофарм Работник и Пелистер играа без победник 24-24. Двете екипи имаа свои моменти и можеа дури и да победат. Филип Кузмановски со успешно реализиран седмерец во последниот домашен напад донесе израмнување и реми.
РК Еурофарм ги известува своите фанови и симпатизери дека од вторник (20 ноември 2019 година) ќе ги пушти во продажба влезниците за натпреварот од 10. коло на Суперлигата против Пелистер. Натпреварот ќе се игра в среда на 21 ноември од 17:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Еурофарм Работник – Берн 29-19 (15-7)
Ракометарите на Еурофарм обезбедија одлична предност пред реваншот од третото коло на ЕХФ Купот против составот на Берн Мури. Денешната победа од 29-19 најави одличен епилог и шанси за место во групната фаза.
Деветти натпревар и деветта победа за ракометарите на Еурофарм Работник, кои остануваат на врвот на табелата во Суперлигата, откако се сретнаа по еднаш со сите противници. Денес во Битола лесно беше победен Вардар Јуниор во нерамноправен дуел, кој момците на Чирковиќ имаа тест пред европското деби овој викенд.
Неколку дена пред европското деби против Берн, Еурофарм Работник на прес-конференција ги најави очекувањата. В сабота од 17:30 часот следи првиот од двата натпревари против швајцарскиот претставник. На прес-конференцијата говореа тренерот и репрезентативното крило.
Во пресрет на претстојниот натпревар од EХФ купот меѓу екипите на РК Еурофарм Работник и РК Берн Мури од Швајцарија, кој ќе се одигра в сабота 17.11.2018 година во Битола, ве информираме дека влезниците за овој натпревар веќе се пуштени во продажба на три продажни места: Тобако Вагабонд - Brother tobacco (Широк Сокак), Тобако Снеки нова (градско шеталиште), и Тобако All in one (новиот пазар). Цената на влезниците е 100 денари.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Октомври 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 24, 2025 by RK Eurofarm Pelister