Дојде време за првенствени мечеви за бодови и Еурофарм Работник е спремен за предизвикот. На денешната прес-конференција тренерот Иван Марковски го најави мечот од првото коло против Пелистер.
Ракометниот клуб Еурофарм Работник ја продолжува својата кампања „Топка за секое дете“ и покажува да внимава на својата младинска школа, која пред неколку дена започна со работа.
Ракометарите на Еурoфарм Работник по вторпат во подготвителниот период го совладаа суперлигашот Вардар Јуниор, овојпат во спорткската сала „Младост“ во Битола со 30-26 (17-13).
На неколку дена до почетокот на новата ВИП Супер лига, екипата на Еурофарм Работник донесе големо засилување во името на 24-годишниот повремен репрезентативец на Португалија, Серџо Енрике Монтеиро де Барош.
Од денес официјално почна со работа ракометната школа на Еурофарм Работник. Битолскиот суперлигаш располага со неколку години негувана школа, која во последните неколку години дава резултат на македонската сцена.
Новиот суперлигаш Еурофарм Работник потпиша договор со српскиот ракометар Милое Долиќ, кој игра на позицијата среден и лев бек.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 30, 2025 by RK Eurofarm Pelister