Ракометарите на Еурофарм Работник го совладаа Пелистер третпат по ред и ја потврдија градската доминација. Со одлично второ полувреме екипата на Илија Темелковски го потврди одличниот момент и покажа дека претходните победи во февруари и март не беа случајни.
Ракометарите на Еурофарм Работник ја покажаа својата моќ и авторитетно го совладаа Пролет во рамките на петтото коло на плеј-офот на шампионатот на Македонија.
Ракометарите на Еурофарм Работник ја запишаа третата победа во четвртиот натпревар од плеј-офот на Суперлигата. Тие со водство во текот на сите 60 минути донесоа значајни три бода од Охрид.
Ланскиот финалист на Купот, Еурофарм Работник е првиот полуфиналист на Купот на Македонија. Битолскиот суперлигаш е победник на групата во Битола, на која беше организатор, откако во еден ден запиша две победи.
Ракометарите на Еурофарм Работник водеа во текот на целиот натпревар и пропуштија голема шанса да го победат вицешампионот Металург. Со примен гол од Јагањац со звукот на сирената, Металург се спаси од пораз во Битола.
РК Еурофарм Работник ја покажува својата социјална и хумана страна и веќе донираше сума од 80.000 денари на Клиничката болница во Битола, како дел од својата стратегија воочи и после натпревари на кои е домаќин во плеј-офот.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Февруари 07, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 20, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister