Ракометната федерација одлучи домаќин на завршните турнири во националниот Куп во машка и во женска конкуренција да се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во периодот од 17 до 19 мај.
Еурофарм Пелистер обезбеди место на Ф4 турнирот во македонскиот ракометен Куп. Екипата на Бранислав Ангеловски извојува победа во двата натпревари, наутро против Куманово и во вечерниот термин против Охрид. Актуелниот македонски првак на хартија имаше најтешка група и денеска играше директен дуел со Охрид за пласман меѓу четирите најдобри, а гостите од Битола го совладаа домаќинот на турнирот со 25-32.
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 го заврши сонот за место на завршнит турнир во Купот на Македонија. Битолскиот тим загуби во Кавадарци од домашниот Тиквеш со 26-23 (17-12). Спасоје Гачевиќ со шест погодоци и Манасков и Мијатовиќ со по четири беа најефикасни во домашниот тим, додека за Еурофарм Пелистер 2 најпрецизен беше Хаџиќ со седум гола.
Ни претставува особено задоволство што повторно во дресот на Еурофарм Пелистер ќе игра хрватски репрезентативец. Голманот со големо интернационално искуство, Филип Ивиќ, е нов член на нашиот клуб. 31-годишниот Ивиќ доаѓа во Битола како слободен ракометар по истекот на договорот со францускиот Шамбери.
Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер од натпреварувачката 2024/2025.
Тоа што веќе некое време фановите го посакуваа беше потврдено и од клубот кој ја информораше јавноста дека е постигнат договор со искусниот голман за наредните две сезони.
Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ви го претставува првото засилување за сезоната 2024/25. Ни претставува задоволство што капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски, повторно е наш член. Митревски се враќа во својот матичен клуб и ќе го поведе нашиот тим во следната сезона. Искусниот голман потпиша договор на две години.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister