30-годишниот лев бек Каспер Кисум доаѓа во Битола од тимот на Сондерјуске, а во својата кариера настапуваше за тимовите на Рингштед, Нордсјаленд, Фленсзбург, Битенфелд, Хановер, Феникс Тулуз. Кисум за неколку дена ќе му се стави на располагање на тимот и стручниот штаб.
Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер го загуби и вториот меч во СЕХА лигата во новата сезона, поточно беше поразен од Нексе во Нашице со 29-25.
Битолчани имаа осцилации во играта и поради тоа беше многу тешко да се извлече поволен резултат против хрватскиот претставник кој многу добро знае како се играат овие натпревари.
Нексе Нашице - Еурофарм Пелистер 29-25 (15-12)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да го поправат впечатокот, беа совладани од Нексе на гостински терен во Нашице со 29-25 (15-12) во рамките на второто коло од групата Б во регионалното натпреварување.
РК Еурофарм Пелистер го започнува процесот на акредитирање на медиуми и медиумски работници за натпреварот од седмото коло на групата Д на ЕХФ Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Агуаш Санташ (14 февруари - 20:45 часот)
Пелистер немаше пријатен почеток на сезоната во СЕХА-лигата, со поразот кај Војводина со 24-29, а сега ќе мора да се поправа на, можеби, уште потежок терен. Утре попладне гостува во Нашице, против екипата на Нексе.
Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за групна фаза во Купот на Македонија, во машка и женска конкуренција.
Екипите ќе бидат поделени во четири групи од по четири екипи и идентично како и во минатите сезони ќе се игра полуфинале и финале.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јули 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister