Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2 23-24 (13-9)
Неверојатен кам-бек направија избраниците на Алксандар Јовиќ во училиштето „Антон Димитров“, каде што ретко кој поминал лесно, веќе со години. Така изгледаше и на овој меч меѓу Бутел и Пелистер 2 во првиот дел, кога домаќините наметнаа темпо и поведоа убедливо.
Еурофарм Пелистер – Алкалоид 27-25 (13-12)
Дербито од ракометната Суперлига на Македонија денес заврши со победа на Еурофар Пелистер против Алкалоид со 27-25. Победата за битолскиот тим во завршницата ја обезбеди Денис Васиљев со два гола.
РК Еурофарм Пелистер 2 ја информира јанвноста дека ракометарот Филип Арсеновски во иднина ќе го носи дресот на швајцарскиот клуб Амичитија Цирих. Клубот и ракометарот дојдоа до коректен спогодбен раскин, иако Арсеновски имаше договор и за остатокот на сезоната.
Еурофарм Пелистер - Агуаш Санташ 27-27 (14-13)
Во својот осми натпревар сезонава во Лига вропа на ЕХФ, Еурофарм Пелистер на домашен терен одигра 27-27 со екипата на Агуаш Санташ. Ремито е како победа за битолчани, бидејќи се на чекор до потврда на местото во елиминационата фаза.
Eурофарм Пелистер е блиску до пласман во елиминационата фаза од Европската лига, утре во Битола гостува Агуаш Санташ од Португалија.
Овој натпревар е првата меч-топка за избраниците на Ларс Валтер. Токму данскиот тренер и Жарко Пешевски изразија оптимизам пред натпреварот кој е веројатно најважен овој месец за битолчани.
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 23-27 (8-9)
Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога и со победа од 23:27 против Бутел Скопје го отвори плеј-офот на домашна сцена. Најдобар кај стрелците беше Мирко Радовиќ со седум постигнати гола, пред Себастијан Хененберг кој имаше пет реализации, додека Усама Хосни застана на бројката четири. Кај Бутел, Владимир Јефтиќ имаше шест, пред Мирко Мајиќ со пет гола.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јули 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister