Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 23-25 (9-14)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпе вториот пораз во серија во групата Б на Суперлигата, откако во Битола загуби од Пролет со 23-25 (9-14). Дуелот го следеа 500 гледачи и видоа до крај драматичн и неизвесен дуел.
Голден Арт – Еурофарм Пелистер 18-31 (7-12)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа осмата победа во шампионатот, откако во вториот натпревар од деветтото коло во Скопје го надигра Голден Арт со 18-31 (7-12). Иако играа без Кизиќ, Велковски и Хосни битолчани сепак беа пресилни за новиот суперлигаш.
Агуаш Санташ - Еурофарм Пелистер 27-29 (12-15)
Еурофарм Пелистер дојде до првата победа оваа сезона во Европската лига откако во натпревар со неизвесен финиш го совлада португалскиот тим Агуаш Санташ на гостински терен со 27-29 (12-15).
Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер утре му гостува Агуаш Санташ во рамките на второто коло во Европската лига. Ракометарите на Пелистер вечерва тренираа во Порто. Атмосферата е одлична, посакуваат прва радост во новата сезона.
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 27-25 (12-14)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпеа вториот пораз во групата Б на Суперлигата, откако со лошо второ полувреме загубија во Кавадарци од Тиквеш со 27-25.
Скопје – Еурофарм Пелистер 20-25 (9-12)
Еурофарм Пелистер дојде до седмата победа во осмиот меч од Суперлигата, но пелистерци повторно мораа да се помачат за да слават. Вечерва го победија Скопје со 20-25. Битолчани тргнаа фуриозно и изгледаше дека овојпат нема да имаат проблеми и лесно ќе слават. На самиот старт поведоа со 1-6, меѓутоа Скопје не предаваше и до крајот на првиот дел ја преполови разликата (9-12).
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јули 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јули 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister