РК Еурофарм Пелистер денес го започнува својот настап на јубилејниот педесетти турнир во Струга. Низ историјата трофејот од овој турнир дванаесет пати завршувал во нашите витрини.
Изјави на тренерот и капитенот на екипата пред овогодишното натпреварување.
Стандарниот македонски репрезентативец Жарко Пешевски по четири години во странство се врати во Македонија се обврза на тригодишен договор со Еурофарм Пелистер. Тој денес првпат позираше во клупските обележја и зборуваше пред медиумите.
РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека постигна целосен договор со тунискиот репрезентативец Мохамед Суси.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 денес заминаа на подготовки во Маврово, каде ќе останат во следните седум дена. Александар Јовиќ ќе има можност да постави база за долгата сезона.
Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од првото квалификационо коло на ЕХФ Лига Европа.
РК Еурофарм Пелистер на денешното официјално фотографирање на клупските и натпреварувачките потреби ги распредели броевите за сезоната 2022/23 во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија, СЕХА Гаспром лигата и ЕХФ Лига Европа.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 11, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister