Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го одреди дефинитниот список од шеснаесет ракометари кои ќе настапат на Медитеранските игри во Алжир.
Селекторот на машката кадетска репрезентација Раде Стојановиќ, го објави поширокиот список пред стартот на подготовките за настапот на ЕХФ шампионатот во Летонија.
На списокот повикани се ракометарот на Еурофарм Пелистер, Валентин Карасманакис и ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Ненад Белистојаноски.
Тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Јовиќ ќе одржи свое предавање на задолжителниот семинар на Ракометната федерација на Македонија викендов во Охрид. Јовиќ ќе одржи обука и тактика за зонска формација 3-2-1.
Распоред на натпревари во Б групата на Суперлигата 2022/23 на Еурофарм Пелистер:
Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите за новата суперлигашка сезона. Двата битолски суперлигаши се најдоа во иста група, а покрај нив противник ќе биде и Тиквеш.
Попладнево во 14:00 часот во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе се одржи извлекување на групите и распоредот на натпреварите за регуларниот дел од Суперлигата во машка конкуренција за сезоната 2022/23. Еурофарм Пелистер е дел од првиот шешир, а Еурофарм Пелистер 2 од вториот шешир.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 11, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister