Повеќе...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од четвртото коло на групната фаза на Лига Европа.

Следниот вторник (23 ноември) од 18:45 часот унгарска Татабања гостува во Битола, а натпреварот ќе го водат руските судии Константин Ершов и Антон Пављуков. Овие судии минатата година во истото натпреварување го водеа дуелот на Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме.

Повеќе...

Јосип Периќ беше најдобар стрелец во редовите на Еурофарм Пелистер во победата над АЕК со 27-30.Човекот кој го постигна победеносниот гол во Швајцарија пред неполн месец, одигра уште еден перфектен натпревар. Иако започна бавно, репрезентативецот на БиХ се разигра и ги избезуми противничките дефанзивци.

Повеќе...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Атина ја остварија првата победа во ЕХФ Европската лига откако со 27-30 славеа на гостувањето кај АЕК.

Битолчани по три кола имаат по една победа, пораз и реми, а тренерот Жељко Бабиќ е задоволен од прикажаната игра против АЕК.

Повеќе...

АЕК Атина - Еурофарм Пелистер 27-30 (13-16)

Македонскиот претставник Еурофарм Пелистер го запиша првиот триумф сезонава во Европската лига на ЕХФ откако вечерва во рамки на третото коло во групата Д славеше на гостувањето кај АЕК Атина со 27-30.

Повеќе...

Одиграни се сите натпревари од првото коло на Купот на Македонија и познати се сите патниците во следната рунда, чија ждрепка е предвидена следната година.

Во четвртфиналните групи четири екипи на турнир ќе се борат за место на „фајнал-фор“ турнирот.

Повеќе...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува натпревар против изненадувањето на сезоната, грчкиот вицешампион АЕК Атина. Тренерот на битолскиот тим, Жељко Бабиќ го најави овој натпревар.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723