Еурофарм Пелистер 2 дојде до победа од 27-26 против шампионот Вардар во деветтото коло од Супер машката лига откако одигра неверојатно. Момците се надминаа, прикажаа ракомет каков ретко се гледа од млад состав и докажаа уште еднаш дека се одличен противник за секого.
Ракомет – Суперлига (деветто коло)
Еурофарм Пелистер 2 - Вардар 1961 27-26 (14-11)
Првакот Вардар доживеа тежок удар од составот на Еурофарм Пелистер 2 откако вториот тим на битолчани на домашен терен славеше против вардарци со 27-26. Во игра со контролирање на водството од почеток до крај победата за домашните беше потполно заслужена.
Лесна гостинска победа и продолжување на серијата успеси во салата „Автокоманда“ за ракометарите на Еурофарм Пелистер. Во првиот натпревар од деветтото коло на Суперлигата, екипата на Жељко Бабиќ го совлада Металург на гостински терен со високи тринаесет разлика.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Шафхаузен го освоија првиот бод во рамки на групата Д од ЕХФ Лига Европа, откако одиграа нерешено 28-28 со швајцарскиот тим Кадетен Шафхаузен.
Кадетен Шафхаузен - Еурофарм Пелистер 28-28 (16-11)
Еурофарм Пелистер го освои првиот бод во групната фаза оваа сезона во Европската лига откако ремизираше против Кадетен Шафхаузен на гостински терен со 28-28. Битолчани во поголемиот дел од средбата во Швајцарија беа во негатива, но се надминаа себеси и извлекоа реми. Играчите на хрватскиот тренер Жељко Бабиќ имаа слаб старт, а домаќините тоа го искористија за стекнување висока позитива од 5-0.
По денешниот пладневен тренинг, стручниот штаб на Еурофарм Пелистер ги одреди патниците за Швајцарија. Меѓу повикани ракометари за натпреварот од второто коло на групата Д на ЕХФ Лига Европа меѓу Кадетен Шафхаузен и Еурофарм Пелистер ги нема голманот Филип Ивановски и бековите Кукуловски и Табоада.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 11, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister