Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја впишаа третата сезонска победа во Суперлигата, рутински надигрувајќи го новајлијата во лигата Бисинов Фриут Ленд во Велес со 21-41 (9-20). Битолчани не видоа мака да дојдат до нови првенствени бодови, а свое шоу во салата „Гемиџии“ имаше капитенот Филип Кузмановски.
Најдобар поединец на мечот, иако доби поштеда во завршницата, беше Филип Кузмановски со тринаесет реализации. Кај велешани се истакна ветеранот Ивица Илиев со осум гола на своето конто.
Ракомет
Суперлига 2024/25
Трето коло:
Бисинов Фриут Ленд - Еурофарм Пелистер 21-41 (9-20)
Спортска сала „Гемиџии“ - Велес
Гледачи: 1.000
Судии: Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов
Бисинов Фриут Ленд:
Паунов, Стојменов, Илиев 8, Иванов 2, Трајковски 3, Солев, Ристевски, Трифуноски 2, Табаков, Димитров 1, А. Митревски, Сиљанов 3, Ончев, Димов 1, Стојановски 1, Заров
Седмерци: 7/6
Исклучувања: 10 минути
Еурофарм Пелистер:
Н. Митревски, Ивиќ, Абутовиќ, Цехте, Ѓорговски 3, Борзаш 1, Хаџиќ 3, Пешевски 1, Петровиќ 4, Пет. Атанасијевиќ 4, Радивојевиќ 6, Кузмановски 13, Пав. Атанасијевиќ 3, Кузманоски 1, Цикатиќ, Ристески 2
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 6 минути
Во следното четврто коло, следниот викенд, Еурофарм Пелистер гостува во Скопје против Вардар 1961.