Ракометарите на Вардар 1961 победија во првото „вечно“ дерби против Еурофарм Пелистер оваа сезона со 31-23 (15-12).
Ова беше прв сезонска битка меѓу вечните ривали, соочување на актуелниот и поранешниот македонски шампион, соочување на Иван Чупиќ и Лино Червар, ученикот и учителот, а далеку поуспешен, подобар беше домашниот колекти во СЦ „Јане Сандански“.
Домаќините диктираа темпо и првиот дел го заокружија со плус три (15-12) за да по одморот комплетно ги надиграа и разбијат „зелено-белите“.
Најефикасен кај победникот беше Леон Љевар со седум погодоци, додека Филип Кузмановски постигна девет голови на другата страна.
Ракомет
Суперлига 2026/27
Деветто коло
Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 31-23 (15-12)
Спортска сала „Јане Сандански“ - Скопје.
Гледачи: 6.000
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодорвски
Вардар 1961:
Валах, Гогов 1, Стојановски 3, Воркапиќ. Георгиевски, Поповски 1, Митровиќ 3, Нечовски 1, Љевар 7, Лазаревски 3, Анастасовски, Да Силва 6, Малус 2, Ѓорчевски, Јанковски, Фадил 4
Седмерци: 6‚/6
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидарирад, Белистојановски, Видомски 2, Ристевски 1, Серафимов, Кузманоски, Граховац 2, Хенигман, Кузмановски 9, Пет. Атанасијевиќ 1, Пешевски 4, Хакбарт 1, Колаковиќ, Пав. Атанасијевиќ, Нтанзи 3
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 6 минути
Во следното десетто коло Еурофарм Пелистер го пречекува Тиквеш.






