Еурофарм Пелистер загуби домашен натпревар, откако пред своите гледачи одогра ужасен финиш и претрпе пораз од директниот конкурент Струга со 24-25. На паузата домаќините имаа минимално водство (12-11), а потоа стигнаа до 23-19 во 53. минута.
Кога се чинеше дека пелистерци полека го кршат ривалот, следуваше серија од 5-0 на Струга, која поведе со 23-24 на само две минути до крајот на мечот. Домашната клупа повика тајм-аут да ги смири малку играчите, но следуваше по еден гол на двете страни и Струга на крајот успеа да триумфира со конечни 24-25.
Во редовите на Еурофарм Пелистер 2, седум гола даде Давид Димевски, а еден помалку имаше Божидар Илиески.
Ракомет
Суперлига 2026/27
Деветто коло
Еурофарм Пелистер 2 - Струга 24-25 (12-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Дејан и Димитар Ѓорѓиевски
Еурофарм Пелистер 2:
Трајков 1, Младенов, Димевски 7, Лозановски, Стојков 1, Митревски 3, Гутиќ 4, Шулевски, Илиевски 6, Дамчевски, Ј. Симоновски, Славков, Крстевски 1, Дрогришки, Л. Ѓорѓиевски, К. Симоновски 1
Седмерци: 8/6
Исклучувања: 6 минути
Струга:
Јовановски, Костадиновски, Пајкоски 1, Петров 1, Костовски 1, Рајатовски, Јукиќ 6, Ферукоски, Родиќ, Танкоски 6, Шилегов 5, Д. Ѓорѓиевски 1, Манасков 3, Крстаноски, Костоски 1, Симоноски
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 18 минути
Во следното десетто коло Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Бутел Скопје.






