Еурофарм Пелистер 2 стигна до нова победа во домашниот шампионат, откако во дуелот од 12. коло во Суперлигата славеше против локалниот ривал Прилеп со 31-28. Во првиот дел двата тима одиграа израмнето, па по 30 минути игра домаќините имаа позитива од само два гола 13-11. Во вториот дел младите битолчани одиграа на високо ниво и на крајот стигнаа до конечен триумф од 31-28.
Најефикасен во победничкиот тим беше Христијан Митревски со седум гола, по шест постигнаа Мохамед Азиз и Аудифред Баптист, додека на спротивната страна десет голови постигна Димитар Димитриоски.
Ракомет
Суперлига 2025/26
12. коло
Еурофарм Пелистер 2 - Прилеп 31-28 (13-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, М: Фехми, Младенов, Марковски 2, Гичев, Даневски 3, Велески, Митревски 8, Шулевски 4, Лазаревски, А. Фехми, Дамчевски 1, Димитровски 1, Дрогришки, Мохамед Азис Бен Мафуд 6, Баптист 6
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 16 минути
Прилеп:
Ангелески, Христоски, Тренчевски, Кастратовиќ 4, Рајатовски, Адамчевски, Крстески 1, Ивчески, Илиески 3, Димитриоски 10, Шабановиќ 5, Цветаноски 4, Квастек 1, Лековиќ. Соколоски, Лазоски
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 10 минути
Во следното коло Еурофарм Пелистер 2 ќе се соочи со Вардар 1961 во Скопје.






