Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија од ПИК Сегед со 35-20 во натпреварот од осмото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Минатата седмица битолскито тим го совлада истиот овој ривал на домашен терен во салата „Боро Чурлевски“, но вечерва двете екипи покажаа други лица, унгарскиот тим беше на далеку повисоко ниво, додека македонскиот шампион немаше решение за противникот.
Домаќините го имаа и неверојатниот Роланд Миклер кој имаше 19 интервенции или 52,78% на одбранети удари. Фримел и Кукиќ беа лидери на листата на стрелци со по седум погодоци, додека кај „зелено-белите“ по три гола имаа Манасков, Хаџиќ и Петар Атанасијевиќ.
Ракомет
Лига на шампиони 2025/26
Осмо коло
ПИК Сегед - Еурофарм Пелистер 35-20 (14-9)
Спортска сала „ПИК Арена“ - Сегед
Гледачи: 6.500
Судии: Даниел и Роберто Мартинс Акото
ПИК Сегед:
Миклер, Тулин, Ардвански, Кукиќ 7, Фримел 7, Тото 5, Мацковчек 2, Силаџи 2, Бодо 1, Фазекаш 1, Јелиниќ 3, Готфридсон, Шoштариќ 2, Калараш 3, Гарсиандиа 2, Јаро
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер:
Хаидарирад, Митревски, Манасков 3, Тајник 2, Хенигман 2, Радивојевиќ 2, Кузмановски 1, Пет. Атанасијевиќ 3, Хосни 1, Видомски, Ристевски 1, Хакбарт, Абутовиќ, Пешевски 1, Хаџиќ 3, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 8 минути
Во следното деветто коло Еурофарм Пелистер го пречекува Магдебург, следната среда во 20:45 часот.






