b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_11_DKP_5780.jpg

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го претрпе седмиот пораз во Лигата на шампионите. Пелистерци вечерва пред својата публика се совладани од актуелниот европски шампион Магдебург со 26-31. Сепак, го дадоа максимумот, го испотеа дресот и сите по натпреварот се задоволни.

Ник Хенигман
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Ова беше тежок натпревар за нас, но мислам дека можеме да бидеме горди. Сите ракометари дадоа максимум на теренот, навивачите уште еднапш беа одлични, но игравме против едне од најдобрите тимови во светот, Сакам да им честитам на ракометарите на Магдебург за победата. Многу трчаат, играат брзо во нападот, цел натпревар „еден на еден“ и тоа е разликата од нашиот последен ривал, ПИК Сегед и овој Магдебург. Не можевме целосно да ги сопреме, но постојано бевме тука на 3-4 разлика. Треба да бидеме задоволни и со подигната глава да гледаме на иднината.

Рубен Гарабаја
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Ова е целосно поинаков пораз за разлика од минатиот против ПИК Сегед. Горд сум на моите ракометари, бидејќи денес игравме против еден од најдобрите тимови во светот. Горд сум на пристапот и играта „еден на еден“. Магдебург е многу добар во таа игра, но денес докажавме високо ниво на игра во одбрана, но тоа не беше доволно. Сепак, мора да продолжиме со нашата работа и да се гордееме, бидејќи денес бевме на нивото. На почетокот промашивме неколку лесни шутеви, а и лесно загубивме многу топки во првиот дел. Имавме осум загубени топки во првиот дел, во вториот само една. Но, ако правиш грешки против екипа како Магдебург мноту тешко е да издвојуваш позитивен резултат.

Шампионот на Македонија в недела од 18:00 часот го пречекува Алкалоид во домашната Суперлига, а потоа гостува во Загреб во последниот натпревар во Европа за 2025 година.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723