Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати списокот на ракометари за пристојниот бараж со Словачка. Лазаров денес објави нов список од дваесет ракометари, откако на првиот имаше 35 имиња.
Еурофарм Пелистер на списокот го претставуваат: Никола Митревски, браќата Атанасијевиќ, Кузмановски и Ристевски.
Првиот натпревар се игра во Словачка на 14 мај, додека реваншот во Македонија е три дена подоцна. Собирот на селекцијата ќе се одржи на десетти мај во хотелот „Александар Палас“






