Ракометарите на Еурофарм Пелистер запишaa нова победа во Суперлигата и тоа на гостувањето во Скопје кај Бутел.
Македонскиот вицешампион триумфираше со 21-34 во меч во кој имаше проблеми во првиот дел во кој противникот беше рамноправен и не дозволи да се направи преголема разлика (12:-4), но во вторите триесет минути избраниците на Червар издоминираа и на крајот забележаа убедлива победа.
Филип Кузмановски со осум погодоци беше прво име кај победникот во чиј табор одлично деби имаше и засилувањето од Франција, Саду Нтанзи со три гола од исто толку обиди.
Ракомет
Суперлига 2026/27
Петто коло
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 21-34 (12-14)
Спортска сала „Антон Димитров“ – Бутел, Скопје
Гледачи: 300
Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ
Бутел Скопје:
Богдановски, Чаневски, Субашевски 2, Симовски, Ѓорѓески, Ѓеорѓиевски 1, Лешниковски, Стаменковиќ 2, Јаневски 4, Јовиќ 1, Марковски, Стоилевски 2, Каевски, Николоски 2, Михајловиќ 5, Тодески 2
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 10 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидарирад, Белистојаноски 1, Видомски 2, Ристевски, Серафимов 1, Кузманоски 1, Граховац 3, Котар, Кузмановски 8, Калајџиовски 1, Пет. Атанасијевиќ 6, Пешевски 5, Хакберт 1, Колаковиќ 2, Нтанзи 3
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 6 минути
Во следното шесто коло Еурофарм Пелистер ќе го пречека Куманово.






