Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 23-38 (9-16)
Спортска сала „Автокоманда“ - Скопје
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски
Црвен картон: Томислав Кушан (Еурофарм Пелистер)
Еурофарм Пелистер ја оправда улогата на фаворит против Бутел Скопје. Битолчани славеа со 38-23 (16-9) во „Автокоманда“ и в сабота ќе играат за трофејот против Вардар 1961.
Пелистер ќе се сретне со Бутел во полуфиналето од завршницата на ракометниот Куп на Македонија, утревечер во салата во Автокоманда. Еден од најдобрите ракометари на битолскиот клуб, Стипе Мандалиниќ верува дека е време Куп-трофејот да се врати во Битола.
Утре започнува завршниот турнир во Купот на Македонија и следат два интересни полуфинални двобои. Вардар ќе се соочи со Металург, а Еурофарм Пелистер го чека дуел со Бутел Скопје. Пелистерци се едногласни во намерата да го донесат трофејот во Битола.
РК Еурофарм Пелистер од сезоната 2021/22 ќе биде посилен за хрватскиот интернационалец, Јосип Божиќ Павлетиќ. Десното крило на хрватската репрезентација и сезонава член на Гепингем потпиша договор на една сезона, со опција за уште една со битолскиот суперлигаш.
Два спортски бренда од Битола се соединија во промоција на меѓусебните манифестации. Неколку ракометари на Еурофарм Пелистер денес присуствуваа на официјалната промоција и снимањето на видео спот за првиот маратон во планинско трчање (Pelister Unique Trail Marathon).
Еурофарм Пелистер го претстави третото засилување за сезоната 2021/22. Нов член на битолскиот суперлигаш е кубанскиот репрезентативец Реиние Табоада Дранкет, кој доаѓа од францускиот Данкерк. Табоада се обрвза на договор на една сезона со опција за уште една и по завршувањето на сезоната во Франција се очекува негово доаѓање во Битола и официјална презентација.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister