Скоро сите билети кои се пуштени во продажба за натпреварот од шестото коло на ЕХФ Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг се распродадени и со голема поддршка од трибините македонскиот вицешампион ќе се обиде да ја впише третата победа во групата Д.
По домашната победа над Тиквеш во петокот, ракометарите на Еурофарм Пелистер започнаа да го подготвуваат натпреварот од шестото коло на ЕХФ Лига Европа против Спортинг Лисабон. Ремито во Португалија е позитивен резултат за момците на Жељко Бабиќ, но со многу претпазливост се гледа на реваншот.
Ракомет – Суперлига (13. коло)
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2 29-21 (12-11)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпеа четвртиот пораз во сезоната, откако попладнево во Скопје загубија од третопласираниот Бутел Скопје со 29-21.
Во текот на сите шеесет минути домашната екипа водеше, а битолчани постојано го ловеа водството на противникот. Мајиќ и Младеновски донесоа +3 во 25. минута, а по реакцијата на пелистерци на одмор се замина со 12-11.
Голманот на Еурофарм Пелистер, Мартон Секељи се најде на пријавениот список на ракометари за Европското првенство во Унгарија и Словачка. Со добрите настапи во Суперлигата и ЕХФ Лига Европа, нашиот голман го заслужи местото на големиот собир.
Ракомет – Суперлига (13. коло)
Еурофарм Пелистер – Тиквеш 25-16 (15-5)
Еурофарм Пелистер ја продолжи серијата победи и лесно го совлада Тиквеш со 25-16 (15-5), во дуел од 13. коло на Суперлигата, игран во спортската сала „Боро Чурлевски“. Од самиот старт момците на Бабиќ „нагазија“ и дојдоа до 9-3. Андоновски повика тајм-аут, но битолчани целосно доминираа со цврстата одбрана и со лесни голови на Костески на одмор заминаа со високи 15-5.
Селекторот на црногоската репрезентација Зоран Рогановиќ го соопшти списокот за Европското првенство во Унгарија и Словачка 2022 година.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Февруари 07, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 20, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister