По девет години Еурофарм Пелистер повторно е освојувач на Струшкиот ракометен турнир. Во импресивна недела екипата на Жељко Бабиќ ги доби сите четири натпревари, а „шлаг на тортата“ беше финалето против европскиот првак Вардар.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер извојуваа победа над Струга со 28-16 (16-9) и со ова ја запишаа третата победа во групната фаза на турнирот во Струга. Фаворитот сосема очекувано доминираше и успеа да ги казни безмалку сите грешки на противникот.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија од Охрид со 26-22 (14-13) во натпреварот од третото коло на групата Б на Струшкиот ракометен турнир. „Гладијаторите“ ќе завршат на втората позиција на табелата и ќе разигруваат за бронзениот медал со составот на Металург во финалната разврска, додека Еурофарм Пелистер 2 ќе игра за седмото место против Струга.
Еурофарм Плистер се пласира во финалето на турнирот во Струга, откако попладнево убедливо го демолира Прилеп со 38-17 во рамките од второто коло на групата А. Пелистерци демонстираа сигурна игра, го контролираа текот на натпреварот и победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Еурофарм Пелистер беше толку убедлив што цели 16 минути не прими гол.
Еурофарм Пелистер 2 го претрпе вториот пораз на турнирот во Струга, откако вечерва загуби од европскиот првак Вардар со 33-19. По почетните 7-0 за Вардар, извесно беше како ќе се одвиваат работите. Битолчани првиот гол го постигнаа во 12. минута од средбата.
Ракометарите Еурофарм Пелистер 2 со пораз го започнаа учеството на турнирот во Струга на „Женска плажа“. Во првото коло од групата Б, екипата на Александар Јовиќ загуби од учесникот во Лига Европа, скопски Бутел со 21-17 (11-6).
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister