Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 денес го претстави своето најново засилување. Нов член на суперлигашот од Битола е десното крило Никола Стоилевски. Младиот Стоилевски доаѓа од екипата на Металург 2 од Скопје, има 21 години и беше најдобриот стрелец во екипата минатата сезона.
Македонскиот вицешампион и минатата сезона претставник на нашата земја во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер го продолжува процесот на засилувања за сезоната 2020/21. Од денес нов член на битолскиот суперлигаш е младиот Дејан Кукуловски, кој минатата сезона го носеше дресот на Вардар.
Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер обезбеди уште едно, петто засилување за новата сезона. Битолската екипа се засили со Томислав Кушан, кој претходно настапуваше за Натурхаус Ла Риоха во минатите три сезони. Хрватскиот интернационалец потпиша двегодишен договор со македонскиот клуб.
Продолжува екипирањето на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 за сезоната 2020/21. Клубот постигна согласност за продолжување на договорите со талентираните ракометари од Битола. Четворица „бисери“ попладнево ставија потпис на четиригодишен договор со матичниот клуб.
Европската ракометна федерација ги одреди номинациите за идеалниот тим на сезоната во Лигата на шампионите. Во десет категории номинирани се по пет ракометари, а меѓу избраните се најде и левиот бек на Еурофарм Пелистер минатата сезона, Украинецот Владислав Остроушко.
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 започна да се екипира за сезоната 2020/21. Клубот ќе се натпреварува во Суперлигата и не ги крие високите амбиции во натпреварувањето. За да се задржи автентичноста на битолскиот клуб и познатата школа, Еурофарм Пелистер 2 ги продолжи договорите со некои од ракометарите кои го понесоа товарот во сезоната 2019/20.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister