Европската ракометна федерација ги одреди правилата пред ждрепката за квалификациите за Лига Европа во сезоната 2020/21.
Македонија ќе има три претставника во ова натпреварување, а само Еурофарм Пелистер директно ќе се најде во групната фаза. Таква повластена улога ќе имаат уште Адемар Леон, Ним, Магдебург, Татабања, Висла Плоцк, Динамо Букурешт, Чеховски Медведи, Кадетен Шафхаузен, Татран Прешов, Алингсас и Бешикташ.
Репрезентативниот кружен напаѓач, Филип Арсеновски е најново засилување на Еурофарм Пелистер 2 за следната сезона. Ракометарот кој беше дел од младинската селекција на Мундијалот во 2017 година потпиша четиригодишен договор со клубот од Битола.
Новиот координатор на младинската школа на Еурофарм Пелистер, Стевче Стефановски веќе ја започна својата работа во клубот. Денес, во техничките простории на клубот, Стефановски одржа работен состанок со сите тренери во клубот. Темата беше ковање на клупска стратегија во следниот период, во која се вклучени сите категории на клубот.
Со огромно задоволство ја информираме спортската ракометна јавност дека поранешниот селектор на македонската ракометната репрезентација, прославениот голман и поранешен тренер на РК Пелистер, Стевче Стефановски е именуван за координатор на сите младински категории во РК Еурофарм Пелистер.
Новиот систем на натпреварување ќе ја остави Македонија со само еден тим во Лигата на шампионите, по подолго време.
По денешната распределба на местата во Лигата на шампионите, извесно е дека Еурофарм Пелистер ќе игра во групната фаза на Лига Европа. Место во ова натпреварување обезбедија уште Висла Плок, Мотор Запорожје, Бешикташ, Адемар Леон, Шафхаузен, ГОГ Гудме и Спортинг Лисабон.
Македонскиот ракометен клуб Еурофарм Пелистер го доведе седмото засилување за сезоната 2020/21. Клубот постигна договор со ППД Загреб и го откупи договорот на младиот репрезентативец на Македонија, Ненад Костески. 19-годишното десно крило стави потпис на тригодишен договор со Еурофарм Пелистер. Овој млад ракометар кариерата ја започна во Струга, а од минатата сезона се пресели во Хрватска.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister