Еурофарм Пелистер утринава го потврди хрватскиот стратег Жељко Бабиќ за нов тренер на тимот. Битолскиот клуб во сооднос со високите амбиции ангажираше познат тренер со големо искуство.
По завршувањето на регуларниот дел од групната фаза на СЕХА лигата, дефинирани се осминафиналните парови. Еурофарм Пелистер кој заврши на четвртото место во групата Б ќе се сретне со Нексе Нашице, екипа која заврши на петтото место во групата А.
Eкипата на Еурофарм триумфираше на гостувањето кај Спартак Москва со 21-33 (11-19) во последниот десетти натпревар од групната фаза.
Еурофарм претрпе убедлив пораз на гостувањето кај лидерот во групата Б на СЕХА лигата. Веспрем. Уште на стартот Веспрем направи предност од 6-0, а битолчани првиот гол го постигнаа во деветтата минута.
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за собир за меѓународни пријателски турнири во Србија и Романија. На списокот се наоѓаат четворица ракометари на Еурофарм : Митревски,Марковски, Маџовски и Велковски.
Селекторот на машката сениорска репрезентација Данило Брестовац, го објави поширокот список на ракометари за престојното ЕП 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка. На списокот се наоѓаат четворица ракометари на Еурофарм Работник: Никола Митревски, Бојан Маџовски, Мартин Велковски и Никола Маркоски.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Октомври 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 24, 2025 by RK Eurofarm Pelister