Селекторот на Македонската сениорска репрезентација Данило Брестовац го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за пласман на ЕП 2020 година.
Ракометарите на РК Вардар повторно ја израдува нацијата. Вардар е европски првак во ракомет и тоа во година во која имаше турбуленции и никој тоа не го очекуваше. Во финалето во Келн, вардарци го совладаа Веспрем со 27-24 (16-11) и вторпат се европски шампиони.
Им ја честитаме Победата на шампионите! Браво РК Вардар.
Македонскотo репрезентативнo крило Бојан Маџовски е најновото засилување на екипата на Еурофарм Работник. Toј потпиша договор на три сезони и е второ засилување на клубот оваа сезона по Никола Митревски. Маџовски доаѓа од Металург, а има искуство од настапи и во Битола, бидејќи го носеше дресот и на Пелистер.
Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е најновото засилување на екипата на Еурофарм Работник.
33-годишниот голман по две години поминати во романската Доброгеа Суд ќе се врати во родната Битола.
Најуспешната сезона во историјата на клубот, Еурофарм Работник ја заокружи со победа над Бутел со 43-30 во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Со одлично второ полувреме и шанса за сите пријавени ракометари, битолскиот суперлигаш ги скрши амбициозните бутелци. Во дуел на двете екипи кои следната сезона ќе ја претставуваат Македонија во ЕХФ Купот, двете екипи собраа аплаузи од објективната битолска публика.
Ракометниот клуб Еурофарм Работник ја доби организацијата на завршниот турнир на шампионатот на Македонија за кадети. Битолскиот клуб в недела во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе ги организира полуфиналните и финалниот натпревар.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister