Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ќе гостуваат во Данска на тимот на Фредерица во обид да стигнат до првата победа во Лигата на шампионите сезонава, но за тоа да се случи ќе треба да најдат начин да ги неутрализираат своите двајца поранешни членови.
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2026 година. Во рамки на ЕХФ неделата Македонија ќе игра квалификациски натпревари против Естонија и со Литванија
Мохамед Мамдух Шебиб официјално беше претставен како ракометар на Еурофарм Пелистер. Тој позираше со зелено-белиот дрес во спортската сала „Боро Чурлевски“ на полувремето од натпреварот од Суперлигата против Радовиш.
Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2026 година во Шведска, Данска и Норвешка.
Лидерот во А групата на Првата лига, битолски Еурофарм Пелистер 2 продолжува немилосрдно да победува во второто по ранг натпреварување во нашата земја. Битолчани извојуваа победа во Струмица против Астраион Хендбол со 22-39, со одлична игра во двете полувремиња.
Отворен е процесот за акредитирање на медиуми за натпреварот од шестото коло на Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција (20 ноември 2024 година – 20:45 часот). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јануари 20, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister